Чиа Фреска

Енергетски освежителен пијалок, по рецептот на Тарахумара…

Прво неколку факти на брзинка за чиата…

  • Изобилува со омега 3 масни киселини;
  • Одлична е за рехидратација бидејќи семчињата апсорбираат до 9 пати повеќе вода;
  • Освен омега, чиата е богата со протеини, диетални влакна, калциум, магнезиум, фосфор;
  • Чиата не мора да се сомеле за да биде целосно расположлива за дигестија.
 
  • 1 голема лажица чиа
  • 250 мл вода (една чаша)
  • 1 лимон
  • засладувач по желба
  • мента
  • шејкер
 

1. Може да користите шејкер, шише или стаклена тегла со капак кој добро затвора. Ова е со цел за убаво да се промеша пијалокот.

2. Во садот се ставаат водата, семчињата чиа, засладувачот и сокот од лимон. Може да користите лажичка мед, едно пакетче стевиа, кафеав шеќер или било кој друг засладувач.

3. Убаво се промешува, за затвора и се остава во фрижидер да се олади. Додека седи во фрижидер може уште неколку пати да му удрите шејк на енергетскиот пијалок.

4.Декорирајте една висока чаша со парче лимон и уживајте!