Бразда тава со тиквички
Вкусна на изглед и на уста, а притоа добивате ниско калоричен и хранлив оброк.
- 3 тиквички
- 2 шолји интегрален ориз
- 500г печурки
- 3 јајца
- 1 морков
- 1 шолја млеко
- 1 чаша вода
- морска сол, бибер и други зачини по желба
- маслиново масло за готвење
Подготовка
1. Оризот, исецканите печурки и морковот ги динстаме 20тина минути (печурките да пуштат вода, а оризот да омекне).
2. Тиквичките ги сечеме на тенки ленти по должина.
3. Во коцкаста тава прво ставаме еден ред од тиквичките, па ја ставаме смесата, а одозгора повторно редиме тиквички (како сендвич).
4. Лесно се полева со 1 чаша вода, се зачинува и се става во рерна на 180 степени околу 20тина минути за да упие водата, а состојките малку да омекнат.
5. Потоа тавата се полева со смесата од изматени јајца и млеко и се враќа во рерна уште некое време (околу 20-30 минути) да се потпече.