24 часовни вегетаријанци, еднаш во неделата

Концепт наменет за сите кои се сакаат себе си и сите кои сакаат планетата Земја да не служи уште долго, долго. Концепт за сите финалтропи кои ќе направат чекор за природата, но и за хедонистите кои ќе направат чекор за себе. Во продолжение на „ВегеФест“ викендот…

Сакајте се, скокнете ги срцевите заболувања, запушените крвни садови и високиот крвен притисок барем еден ден во неделата и еве за да ви биде полесно, нека биде во понеделник. Ова е денот кога ќе треба да изедете дупла доза овошје и зеленчук или со други зборови дупла доза витамини, минерали, диетални влакна, фитонутрициенси и уште многу полезни состојки. Но секако ова не е ден кога треба да гладувате. Погрешно е мислењето дека вегетаријанците ништо не јадат. Само малку се поснаодливи кога станува збор за замена. Кифлата со шунка, нека биде кифла со спанаќ. Толку е едноставно за закоравените месојади да преживеат еден вегетаријански Meatless Monday.

Сакајте ја природата, тргнете од фактот дека моментално на глобално ниво се одгледуваат шест билиони животни на живинарските фарми. 6 000 000 000. Оваа бројка постојано се зголемува заради “потребата” на човештвото и крајниот ефект е една индустрија која масовно ја загадува природата, дефорестира за пченични и соини ГМО насади, произведува метан, јаглероден диоксид и азотен оксид и е 20% одговорна за климатските промени и ефектот на стаклена градина. Кога откажувањето од месо, барем во понеделник би било помасовно, бројките ќе почнат да опаѓаат, природата да зеленее.

Дајте му здрава и еколошка жичка на понеделникот, за здрава и еколошка недела.