За сите што не сакаат да јадат месо во понеделник

Концептот е многу едноставен. На денот помеѓу недела и вторник, односно денот кога започнувате нова работна недела треба да направите одмор од ќебапите, стековите и бифтеците од вашето мени. Причините се повеќе од доволни.

Meatless Monday е интенационална кампања која ги охрабрува луѓето да не јадат месо во понеделник сè со цел да си го подобрат како нивното така и здравјето на планетата. Кампањата е дел непрофитабилното движење The Monday Campaigns Inc. кое низ постоењето има промовирано бројни „здрави понеделници” како The Kids Cook Monday, Quit and Stay Quit Monday, Move It Monday и други.

Понеделниците не се одбрани од ѓутуре. Тие се почеток на новата работна недела и денот на кој ние луѓето треба да се вратиме во колосек на работната рутина. Па затоа, нездравите навики кои вирееле за време на викендот треба да се заменат со позитивни.

Проектот започнал во Америка дури за време на Првата Светска војна кога американската агенција за храна ги советувала граѓаните да трошат помалку ресурси за да можело истите да ги праќаат на воениот фронт како и на загрозените региони низ Европа. Програмата е рестартирана во Втората Светска војна каде што причината била иста. Во 2003тата година кампањата е по трет пат формирана, но овој пат причината била да се дигне јавната свест за ефектите од консумацијата на месо врз климатските промени како и здравиот начин на исхрана.

И немој да мислите дека ако го направите овој мал чекор си го подобрувате само вашето здравје. Не бидете толку себични. На прво место помагате на природата бидејќи според Обединетите Нации најголемиот придонес во загадувањето на планетата го држи сточарството. За другите работи и Бил Клинтон сами ќе си видите.