Ултра здрави пијалоци за спортисти

Не станува збор за пијалоци кои ќе ве чинат пари, туку за пијалоци кои веројатно веќе ги имате на дофат на рака, а се одличен извор на витамини, минерали и енергија кои се потребни за секој што спортува…

СОК ОД ДОМАТИ

Преливот за шпагети може комотно да биде и вашата дневна доза на антиоксиданси, ликопен, А, Б, Ц витамини и калиум. Секоја од овие состојки игра комплексна улога во одржувањето на имунитетот на спортистот, кој најчесто е загрозен при интензивни тренинзи.


КАДЕ КЕЧАПОТ ГО ШИЕ ДОМАТОТ?


БЕЛ И ЗЕЛЕН ЧАЈ

Примарно како алатка за исфрлање на сите токсични материи кои се насобираат во организмот, а секундарно како извор на антиоксиданси и поткренувачи на метаболизмот. Чајот е задолжителен пијалок за сите спортисти. Прочитајте повеќе за зелениот чај тука.

СОК ОД ЦВЕКЛО

Природните извори на нитрати се одличен начин за подигнување на нивото на спортистот едно скалило погоре. Преку подобрување на циркулацијата и  подобра распределба на кислородот со ширењето на крвните садови, при еднакво оптеретување се добиваат подобри спортски перформанси. Цвеклото изобилува со азотен оксид, па сокот од цвекло силно се препорачува за активни луѓе кои бараат подобри резултати.


 ХРАНА БОГАТА СО НИТРАТИ ЗА ПОДОБРИ СПОРТСКИ ПЕРФОРМАНСИ


СОК ОД БРУСНИЦА

Позната по својата антиинфламаторна способност, како и благотворен ефект врз кардиоваскуларниот и дигестивниот систем, сокот од брусницата спаѓа во одличен пијалок за регенерација и закрепунување од спортски повреди.

За сите овие пијалоци, а и за други кои си ги припремате по ваш рецепт најдобро е да се испијат на празен желудник пред оброк, така што ќе ја максимизирате апсорпцијата на хранливите материи

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија