Кафе или чај: Што е поздраво?

Едно топло кафе може да ви го зголеми нивото на енергија во утринските часови, додека една чаша чај може да ве релаксира по еден стресен ден.

Неодамнешните истражувања велат дека и двете опции имаат добри здравствени ефекти.

Светската здравствена организација неодамна го отстрани кафето од листата на осомничени канцерогени производи, а исто така, некои нови истражувања покажаа дека кафето може да одложи повторување на рак на дебелото црево.

Други студии укажуваат на тоа дека кафето може да спречи Алцхајмерова болест.

Во врска со чајот, студиите покажаа дека консумирањето на чај ја намалува веројатноста да добиете рак на кожата, дојката и простатата.

Зелениот чај особено е богат со антиоксиданси кои го ограничуваат оштетувањето на клетките и го подобруваат имунолошкиот систем.

Но, дали едната опција е подобра од другата?

Експертите велат дека е малку тешко да се одлучи. Ова е поради тоа што е тешко да се поделат нивните различни состојки, нивната улога во нашата исхрана како и ефектите што ги имаат врз телото.

Затоа тие заклучиле дека консумирањето на чај и/или кафе во одредена количина ни помага да го зачуваме здравјето.