Тргнува „Западната македонска трансверзала”

Во организација на П.Д. Трансверзалец и оваа година организирано ќе се поминува големата западна македонска трансверзала која стартува од Љуботен, а завршува во Охрид.

Трансверзалата која е првата востановена во рамките на нашата држава е воедно и најтешката со должина од приближно 170 километри и голема висинска разлика. Стартува од планинарскиот дом Љуботен, па преку врвот Љуботен, Пирибег, Езерска Чука, Џини Бег, висорамнината Шутман, Лера и Морава минува низ целото било на Шара за да заврши во Маврово на Кожа. 

Оттаму се оди за Галичник, Селце, Лазарополе, Гари – на Стогово со врвот Бабин Срт и планината Караорман како последна точка т.е. селото Црвена Вода. 

Таа за прв пат била одена во 1974 година и била во континуитет одржувана до 1994, но околните случувања тој период направија да има подолг латентен период. Минатата година после 20 години беше направено првото успешно повторување оттогаш

Оваа година повторно под водство на водичите Зоран Костадинов и Божиновски Мијалчо се организираше група која во петок, на 3 јули во 17 часот тргнува према планинарскиот дом Љуботен. Групата е составена од 25 луѓе меѓукои и 2 девојки а се очекуваат и планинари од Босна и Србија. 

Погледнете го Љубох, видеото на Игор Јовановски за оваа авантура минатата година и посакајте им добри ветришта на овие планинари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија