Успешно повторена првата македонска трансверзала

Овој викенд, со минување на последната делница од трансверзалата Љуботен – Охрид, успешно беше завршена Западната Македонска Трансверзала од страна на 16 македонски планинари.

Најстарата македонска, воедно една од најтешките балкански трансверзали – Западно Македонската, за првпат беше востановена во 1974 од страна на планинарите при планинарското друштво ЕЛЕМА. Таа се протега низ повеќе планински масиви низ западниот дел од земјата, вклучувајќи ја цела Шар Планина, Бистра, Стогово и минува низ повеќе врвови кои допринесуваат таа да бидесериозен предизвик и за најискусните планинари.

Потегот од Љуботен до Охрид, т.е. приближно 200те километри беа поминати од 16 македонски планинари во преиод од 8 дена, преводени од Костадинов Зоран и Божиновски Мијалче, планинарски водичи од ПД Трансверзалец. Беа поставени 7 логори на локации како Езерско, Караниколички Езера, Џинибег (изворите на Пена), Лера, Галичник, Лазарополе, Голема Мегданица.

Трансверзалата помина во најдобар ред, временските услови задоволија, а планинарите успеаја да ги издржат на моменти тешките и долги тури. Првиот сегмент на турата беше низ цела Шар Планина каде групата беше отсечена од цивилизација од Љуботен до Лера, на локации над 2100 м.н.в. за време од 4 дена кои воедно беа и едни од најтешките.

Вториот дел од турата, од Маврово до Охрид минува низ еден полесен и шаренолик терен, низ повеќе села, кои се погодни за поголем одмор и рекуперација.

Фотографии: Кирил Шентевски

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија