Повеќе смртни случаи од селфи отколку од ајкула

Барем малку да ги разубедиме сите оние кои се плашат да се впуштат во пливачко-нуркачка-сурферска или каква и да е спортска авантура во море или океан поради страв од ајкули. Само гледајте да на праите селфи под вода. 

Малку страшно изгледа статистикава на Mashable, ама ако им е точна, тогаш во светски рамки во 2015 година имало повеќе смртни случаеви поврзани и предизвикани од сефли отколку од ајкула. Селфито „води” со 12 спрема 8, па така, кога следен пат ќе праите селфи, особено ако сте сам, ѕирнете позади вас, сериозно праиме муабет. 

Ако не се лажеме имаше и некои локални инциденти со селфи глупости од овој тип и во нашата држава, ама тие ќе ги оставиме на страна, бидејќи овие подоле се со смртен исход, не дај боже да имаме такви и кај нас. 

Пример, 66 годишен Јапонец минатата година починал по пад од скали сликајќи се некаде пред Таџ Махал. Падот бил најчеста последица од невниманието на жртвите, следејќи ги повредите до воз, но тука е и зголемената опасност од луѓето кои сакаат да сликнат селфи заедно со мечките и други диви животни во националните паркови.


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА – ПСИХОЛОГИЈАТА ЗАД ФИТНЕС СЕЛФИТО 


Русите се особено загрижени за овој тренд бидејќи кај нив испаднаа најголем дел од овие глупости, како 21-годишната девојка која се самозастрела со пиштол сакајќи да направи селфи, или двајцата млади момчиња кои, за жал, си играа со гранатата. Тие започнаа и кампања за зголемување на свесноста кај луѓето за опасноста од селфито. 

Велосипедистите на Тур де Франс исто така изјавија загриженост од оваа појава, а многу познати природни локалитети кои се експонирани и каде има можност од пад веќе имаат воведно забрана за селфи и селфи стапови. 

Ако веќе запнувате за правење на селфи тогаш ѕирнете што има позади вас, особено ако сте под вода. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија