Психологијата зад фитнес селфито

Оддавањето на лична заслуга за постигнување и одржување на одредени тренинг резултати отсекогаш бил добар начин за мотивирање на себеси, но што се случува кога фитнес селфито ќе ескалира во секојдневна опсесија?

Во ера на високоразвиени и популарни социјални мрежи и феноменот „селфи“ (автопортрет), голем дел од животот на човекот, а најмногу своите лични заслуги и достигнувања најчесто безпотребно добиваат јавен карактер. 

Резултатите од тренинзите и следењето на некаков шаблон за здрава исхрана што порано можеа педантно да се чуваат во мал бележник сега мораат да бидат хаотично и секојдневно расфлани на нечии фејсбук или твитер профили во облик на слика од секое можно трчање, подигнување на теговите и здрав појадок. 

Прашањето е дали модерниов тип на прикажување на своите лични достигнувања и заслуги има некаков реален ефект врз резултатите на човекот, или тоа е единствено начин на јакнење на нечие его?

Резултатите од неколку студии работени токму на оваа тема покажаа дека фитнес режимот кој во себе има некаква социјална компонента од овој тип има поголеми шанси да успее и да вроди со поголем плод бидејќи споделувањето на своите резултати, намери и достигнувања на мрежата од (фиктивни) пријатели и одговорот што се добива од нивна страна гради чувство на самодоверба и делува многу мотивационо врз човековиот ум. 

Во претходна анализа на податоци од апликацијата MyFitnessPal исто така беше испоставено дека луѓето повеќе се желни да вежбаат со другарче, но и тогаш кога ги споделуваат своите резултати на некоја социјална мрежа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија