Отварање на ЕХО 8 – Старите планински легенди со секогаш младиот дух

Во неколкучасовна програма во киното Милениум, вчера на 24.10.2017 се одржа отварањето на осмото издание на планинскиот филмски фестивал ЕХО. Главната улога во филмската програма на отварањето ја имаа пионерите и постарите атлети и ликови кои преку инспиративните животни приказни успеаја да ги мотивираат и насмеат сите во салата. 

Програмата на стартниот ден на ЕХО број 8 беше исполнета со интересните приказни на постари ликови и пионери во различни планински спортови како Фред Беки, Боб Хејз, Конрад Енкер и Тери Акомб кои соодветно преку обработените дела ја доловија страста и животната посветеност кон нивните активности. 

Пред официјалното отварање на фестивалот беа прикажани кратките „Лунар Ри”, „Слекер” и „На потешкиот начин”. Лунар Ри ја обработува приказната за младиот талент Давид Лама кој заедно со далеку постариот од него Конрад Енкер ја пробуваа досега неискачената планина Лунар Ри во Непал (родното место на Давид Лама). 

Слекер го следи животот на возрасниот Тери Акомб кој голем дел од неговиот живот има посветено на развивање на слеклајн спортот и културата во САД преку неговиот парк за вежбање и дружење во дворот. 

Следеше „На потешкиот начин” кој ја раскажува приказната за 89-годишниот Боб Хејз кој започнал со трчање на негови 60-тина години. Трчањето претставува главен животен двигател за Боб во неговите најстара доба, а тој е одлично прифатен од целата тркачка заедница во САД. 

По овие два кратки филмови следеше официјално отварање на настанот од страна на Игор Талевски, како и најава за отворената изложба на фотографии од „Војводата од Абруци” кој се смета за еден од најважните италијански истражувачи на светот на планините. Изложбата е веќе достапна во фоајето на Младинскиот Културен Центар од 24 до 27.10.2017. 

Првиот фестивалски ден беше затворен со инзвонредно интересната животна прикзна за Фред Беки – филм со наслов „Одметник – Легендата за Фред Беки” во режија на Дејв О’Леск. Фред Беки се смета за еден од најважните и највлијателните алпинисти во историјата на САД кој целиот негов живот екстремно го посветува на качувањето, истражувањето и документирањето на огромен број на насоки и планини во САД, Алпите и Азија.

Бекипретставува класичниот пример на американските качувачки одметници кои бегаат од сите удобства и социјални норми на општо прифатениот живот во потрага по нови и неискачени врвови. Неговата константан животна фанатичност по искачување и истражување го профилираат во еден од најдобрите качувачи во САД и светот, а го прават и еден од најобразуваните личности на полето на планините во САД. Тој воедно е и личноста која се смета дека има најголем број на првенствени искачување во светски рамки. 

И покрај неговиот статус на „одметник” тој живее доста трезвено и точно знае која е неговата животна цел. Некаде во 90-тите години од минатиот век тој се сложува да учествува во снимање на документарен филм. Филмот се снима околу една декада и изобилува со огромен број на информации, фотографии и прецизни записи кои се дел од неговите дневници за планините. Денес, Фред Беки има 94 години и веќе физички неговата можност за качување опаѓа. Сепак, она што го има оставено во планинската историја е има една незамислива димензија и големина. 

Трејлер

Фестивалската програма за следните денови можете да ја најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија