Ком – Емине падна за 4 дена

Колку треба да си физички и психички подготвен, логистички поткрепен и откачен за да истрчаш 600 км за помалку од 5 дена… и тоа на планина…

Бугарскиот ултрамаратонец Кирил Николов – Дизела постави ново најдобро време за поминување на најдолгата бугарска транверзала Ком – Емине што во превод значи 600 километри со приближно 14000 метри денивелација за 4 дена, 13 часа, 5 минути и 30 секунди.

Трасверзалата Ком – Емине е наjдолга во цела Бугарија и се протега по целото било на Стара Планина (Балкан Планина)која впрочем е долга колку и целата држава.

Рекордот од 5 дена и 14 часа стоеше 30 години, поставен од страна на Љубомир Палакарчев, а оваа година беше подобрен од Божидар Антонов на 5 дена и 10 часа. Меѓутоа Дизела кој имаше еден неуспешен обид минатата година, повторно се нафати на овој подвиг и постави време кое е тешко надминливо во светски рамки.

За 4 дена Кирил направил само 3 паузи за спиење во хижите Кашана, Т’жа и Чумерна, а по завршувањето бил подложен на допинг тестирање.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија