Достапен филмот на Дизела за трансверзалата Ком-Емине

Еден од најдобрите бугарски планински тркачи, Кирил Николов – Дизела минатата година се обиде да го сруши рекордот на најдолгата бугарска а воедно и најдолгата (непрекината) планинска трансверзала во Европа – Ком-Емине. 

Предизвикот Ком-Емине е долг 600 километри и се протега низ целото било на Стара Планина од врвот Ком до `ртот Емине во Црното Море. Taa минува низ повеќе високи врвови има околу 14600 метри позитивна денивелација и во летни услови со планинарење може да се помине за околу 22 дена. 

Кирил Николов Дизела во август 2014 година се обиде да ја истрча оваа дистанца за помалку од 5 дена и да го сруши стариот рекорд поставен 1986 година. Не успеа и се откажа на 11 километри пред крајот, но сепак влезе во историјата на планинското трчање. 

На нет е веќе достапен филмот Reach Your Limits кои можете да го изнајмите за гледање за 5 долари или пак да го купите за 8. Ние ви пуштаме само трејлер, па вие одлучете. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија