Кој кого копира?

Пред две недели на ден среда, Адидас ги открива своите Primeknit FS, комбинација од копачка и чорапа во едно, а наредниот ден Најки ги објавува своите Magista, спортски обувки кои исто така се комбинација од 2 во едно. На страна од боите, тие изгледаат неверојатно слично..

Додека Светското првенство во Бразил се надѕира ова лето, двете големи компании за спортска опрема на пазарот извадија два типа на копачки кои се скоро исти.

Во 2012-тата година Најки беа тие што за прв пат ја промовираа оваа гоблен технологија со Flyknit, а блиската соработка со одредени фудбалски ѕвезди им назначи дека што помалку елементи има копачката на себе, толку подобра би била на теренот. Затоа, тие ја модификуваа Flyknit технологијата во водоотпорната Magista и започнаа да ја произведуваат за масовна употреба.

Адидас пак, еден ден претходно, на пазарот ги извади Primeknit FS кои што се неверојатно слични како и моделот на Најки, составени се од едно парче ткаенина прикачена на тенкиот ѓон, а исто така ги пуштија во продажба и Samba Primeknit кои што се варијанта без продолжетокот на чорапата. Разликата тука е во тоа што Адидас ќе ја направи оваа едиција лимитирана со тоа што ќе бидат сплетени само 150 пара.

Како и да е, германската компанија вели дека на проектот работеле веќе 12 години откако фирмата го забележала потенцијалот на плетењето, но кога директорот за дизајн на Адидас бил запрашан што мисли за технологијата за Најк, тој одбил да одговори.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија