Респект од баба ми до Адидас

Кога баба ми разбра дека Меси, Суарез и бандата под логото на адидас може да се појави на терен во плетка на стапалата, многу се израдува! 

За гоблено-типните обувки веќе пишавме во една статија претходно. Но сега на ред е Адидас кој ја промовира првата обувката за фудбал под име Самба Прајмнит целосно изработена од плетка без делови од кожа или некое пластифицирано платно.

Честа да ја тестира и промовира падна на Луис Суарез, а освен него за плетката палци кренаа нагоре Гарет Бејл и Лионел Меси, така што по официјалната дата за пуштање во продажба на 17ти Март Адидас очекува ова бабино внуче да достигне светска слава како еден од дедовците

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија