Хуманитарен семинар за боречки вештини

Оваа сабота на 24.05.2014 во салата на О.У. „Партение Зографски“ ќе се одржи хуманитарен семинар за боречки вештини на кој ќе се соберат средства за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Добредојдени се сите клубови кои работат некаков вид на боречки вештини и сите оние заинтересирани кои би сакале нешто повеќе да научат и најважно, да споделат хуманост.

 

Семинарот е организиран од Алексовски Ивица, претседателот на македонската федерација за бразилска џиу џица и основач и инструктор на клубот The Strongest. Тој ќе започне во 12 часот и ќе трае 2 часа, а на него ќе се прикажат повеќе различни техники од одделни боречки вештини.

Настанот ќе биде отворен за сите клубови и инструктори кои би сакале да дојдат, да донираат хуманитарни средства и да учествуваат во семинарот, како и за сите оние кои би сакале да учествуваат и да гледаат нешто поврзано со боречките вештини.

Присуството е отворено за секого, а собраните парични средства ќе се префрлат на фондови за хуманитарна помош за настраданите од поплавите кои ги зафатија Србија и Босна.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија