Инфо


Ивица Алексовски е роден во 1975 година во Скопје, Р.Македонија.

Во периодот 1989-1993 година е ученик во Средното Полициско Училиште каде што за прв пат се запознава со боречките вештини.Во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски, а под водство на Си-Фу Златко Неделковски. Во тој период тренира три пати неделно во клубот, а другите денови заедно со група свои колеги од СПУ тренира во спортската сала која се наоѓа во склоп на училиштето. Своите почетоци во светот на боречките вештини ги има во Средното Полициско Училиште каде што четири години изучува повеќе боречки вештини како што се Џиу-Џицата, Џудо, Карате и Бокс. Изучува техники на фрлање, чистење и партер борба од Џудото, техники на ослободување од зафат, приведување, самоодбрана од невооружен и вооружен напаѓач од Џиу-Џица, рачни техники од Боксот и техники на ножни удари од Каратето.

Во понатамошниот период работи во Министерството за внатрешни работи во Скопје како сообраќаец - мотоциклист (обезбедување на високи државни функционери и странски делегации ).

Тој е основач на Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини „Д Стронгест“ во Скопје. Бидејќи и самото ЏКД е составено од повеќе вештини, Ивица сакајќи да навлезе подлабоко во секоја вештина, покрај тоа што го изучува ЏКД-то во својот клуб, со свои пријатели кои трнирале други боречки вештини (Аикидо, Винг Чун, Бокс итн) поодделно ги изучува и овие вештини.

Во 1992 година во Битола на Првото Фул Контакт првенство во Македонија го освојува Второто место – Вицешампион на Р. Македонија.

На 12.12.1992 година полага и се стекнува со Плава ознака во ЏКД под водство на Си-фу Златко Неделковски.

На 16.01.1993 година се одржува Прв клубски турнир на кој учествуваат повеќе од 50 членови во разни категории и го освојува Првото место за сениори.

На традиционалниот турнир во фул контакт борби на 27.03.1993 година учествува во демострација на техники на одбрана од повеќе напаѓачи, одбрана при напад со палка заедно со своите колеги од средното полициско училиште и редовни членови во клубот.

На Клубскиот турнир го освојува третото место во каегоријата за сениори. Турнирот се одржа на 27.01.1994 година.

Министерството за Внатрешни работи на 16.12.1994 година организираше натпревар на ниво на целото министерство во демонстрација на техники во самоодбрана. Ивица го освои златниот медал ( прво место ) заедно со својот парнер Колевски Сашко кој го освои сребрениот медал.

Во периодот од 1994 до 1996 година е одговорен инструктор и задолжен за спроведување на програма за обука на техники од самоодбрана во Полициската Станица за БПС во Скопје.

Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака Прв Тоан, а во 2004 година со Втор Тоан во ЏКД кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од светскиот начин на стекнување ознаки).

Истотака во меѓу време се стекнува и со Црн Појас во Кик бокс под водство на Си-фу Неделковски.

Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.

Во 2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Во 2006 година го отвора вториот клуб “Д Стронгест – Аеродром” каде што за главни инструктори ги поставува Бојан Христовски ( еден од најстарите негови ученици ) и Ралев Златко. Клубот сега брои 60 редовни членови.

Во 2007 година го отвора третиот клуб “Д Стронгест – Велес” кој воедно е прв клуб кој егзистира надвор од Скопје. За главни инструктори ги поставува Стефановски Раде и Коцев Тони ( денес Д Стронгест Велес не е дел од Д Стронгест Македонија ).

Истата година го отвора и четвртиот клуб “Д Стронгест – Центар” каде што за инстрктори ги поставува своите постари ученици, Попоски Бојан и Брсакоски Аце.

Моментално Алексовски е носител на виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Роберт Наумоски.

Во 2008 година го отвора и петиот свој клуб “Д Стронгест – Карпош” и за инструктори ги поставува истотака едни од постарите свои ученици, Пангов Воислав и Тодоровски Гоце.

Бидејки ЏКД го развива на високо ниво отвара и втора ЏКД група во истата сала. Во ЏКД ЦБВ "Д Стронгест” денес тренираат скоро 400 членови.

Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.

Во 2010 година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини. Алексовски добива жолт појас во Крав Мага од Петров.

Алексовски во месец јануари 2010 година го заврши Високото образование на Факултетот за физичка култура во Скопје и се стекна стручен назив Дипломиран тренер по бокс.

Истата година заедно со свите ученици од присуствува на ЏКД - Досе Парес ескрима семинар во Бугарија ,организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од еден од првите ученици на Брус Ли, Гранд Мастер Ричард Бустиљо. Тоа беше семинар кој траеше два дена ( 10 цаса ) на кој ГМ Бустиљо прикажа повеќе техники од работа со ескрима и нож, техники кои Брус Ли ги тренирал, објасни како Брус тренирал, зошто бил толку добар во се.

Во 2010 година прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно.

Во 2012 година се стекнува со виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Наумоски. Со тоа станува највисокиот БЏЏ авторитет кој живее во Македонија.

Во 2013 година основачот на клубовите за боречки вештини "Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија", Алексовски Ивица се стекна со титула Џит Кун До - Филипински Боречки Вештини ФУЛ ИНСТРУКТОР лично од Гранд Мајсторот во Џит Кун До и Филипински Боречки Вештини, Љубомир Јорданов. Тој е третата генерација представници: Брус Ли - ГМ Ричард Бустило - ГМ Љубомир Јорданов - Ивица Алексовски. Со овој сертификат тој е овластен да ја пренесува оваа филозофија и концепт на борба - Џит Ку До и Филипински Боречки Вештини.

После 25 години поминати во изучување на повеќе боречки вештини и системи (кик бокс, кали, џудо, бразилска џиу џица. грпалинг, бокс, самоодбрана...) и по изминати 10 години под водство на ГМ Јорданов, Алексовски заслужено се стекна со оваа титула. За запознавање на нашите читатели во ЏКД има 4 инструкторски степени, за стекнатиот на Алексовски е предпоследниот. Последниот степен се доделува после наполнети 40 години за долгогодишна работа во светот на боречките вештини и промоција на вештините.

Под негово раководство денес постојат неколку клубови:

- Д Стронгест;

- РООТС БЏЏ;

- Д СТронгест ММА Тим;

- Д Стронгест Аеродром;

- Д Стронгест Центар;

- РООТС Центар;

- Д Стронгест ММА Тим Центар;

- Д Стронгест Карпош;

- РООТС БЏЏ Карпош;

- Д Стронгест Тафталиџе;

- Д Стронгест Чаир;

- Д Стронгест & РООТС БЏЏ Охрид;

- Д Стронгест & РООТС БЏЏ Куманово.

Тој е иницијатор за оформување на Македонската Федерација за БЏЏ и денес е Председател на Федерацијата.

ЏКД Инструктори кои се под негово раководство се:

- Тодоровски Гоце;

- Христовски Бојан;

- Брсакоски Аце;

- Ралев Златко;

- Попоски Бојан;

- Петрески Никола;

- Јакимовски Александар;

- Заткоски Александар;

- Диков Бојан;

- Стефановски Никола;

- Аргировски Иван;

БЏЏ Инструктори под негово раководство се:

- Брсакоски Аце - носител на плав појас во БЏЏ;

- Тодоровски Гоце - носител на плав појас во БЏЏ;

Примарно

Certificates

  • Носител на виолетов појас во бразилска џиу џица

Licenses

  • Џит Кун До – Кали Фул Инструктор под водство на Гранд Мастер Љубомир Јорданов (Брус Ли – ГМ Ричард Бустиљо – ГМ Љубомир Јорданов-Алексовски Ивица)

Clubs

  • основач на „Д Стронгест Македонија“
  • основач на „РООТС БЏЏ Македонија“

Organizations

  • Претседател и Основач на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица