Разговор со Алекс Хонолд

Чекор напред – интервју со Алекс Хонолд

Минатата недела, Алекс Хонолд ја избезуми качувачката заедница со слободното солирање на 15 цуга долгата насока „El Sendero Luminoso” по варовничките стени во El Portero Chico, Мексико. Солото беше шокантно не само поради големината на насоката, туку и поради стилот на качување во поголемиот дел од 15-те цуга на „Ел Сендеро“, мали фаќалишта и оцена над 7а.

„Беше возбудлив чекор напред за мене лично” рече Хонолд во интервјуто за Rock and Ice. „Мислам дека ова ми е една од најтешките big-wall насоки.”

Следува разговор со Алекс Хонолд по неговото неверојатно соло

– Зошто се реши за слободно солирање на „El Sendero Luminoso”?

Алекс Хонолд: На некој начин фантазирав за тоа уште откако првпат ја качив насоката, на многу воопштен начин. Минатата година почнав поактивно да размислувам, но не се појавија прилики. Оваа година дојдов во Мексико баш со тоа на ум, иако на некој начин чекав како ќе се чувствувам.

На некој начин оваа насока е врвот во тешките варовнички big-wall насоки во Северна Америка каде што нема ништо слично на друго место. Вакви насоки има многу во Европа.
Уште кога првпат ја видов насоката пред 5 години, реков:„Оф леле. Ова е тоа. Ова е насока, тоа е линијата.”

– Дали насоката често е качувана?

Алекс Хонолд: Тешко е да се каже. Лани бев и излгедаше како никој да не влегол со години. Нечие јаже беше заглавено при абзел и требаше да го откопам. „Кога последен пат некој влегол овде?” не можев да си верувам. Лудо е некој да не си го земе јажето назад. Се сомневам дека е многу качувана насока. Ова е туристичко место, така што мислам дека малкумина хардкор качувачи доаѓаат овде.

– Дали претходно ја имаше качено насоката?

Алекс Хонолд: Да, пред извесен број години ја качив со мојот пријател Крис Вајднер. Потоа минатата година качив делови од насоката со двајца други пријатели. Оваа година се вратив со Сидар Рајт и останавме еден куп денови за чистење и подготовка.

– Опиши го чувството кога конечно ќе се решиш да тргнеш.

Алекс Хонолд: Бев потполно сам, но бидејќи ја имав вежбано насоката таму каде јажињата висеа страчино на неа. Би претпочитал стената да беше потполно празна, но требаше да ги оставиме јажињата зашто следниот ден се вративме за да снимаме. Но чувствував дека ова е едно од моите најдобри соло искачувања. Навистина се чувствував безбеден и едноставно само ги поминав цуговите.

– Каква беше карпата? Тврда? Мека, Ронлива?

Алекс Хонолд: Навистина добра. Нешто како гранитот во Сиера. Карпата изгледа толку добра, има многу блокови, но може и некој блок да го повлечете надолу.

– Кој ти беше клучен детал?

Алекс Хонолд: Вториот цуг дефинитивно беше најтежок за мене. Ми се чинеше како 7c+ или потешко. Единаесеттиот цуг исто така е јак, но беше некако едноставно качување па не беше страшно за соло. Вториот цуг е целиот со странични фаќалишта и стојалишта. Навистина е сложен.

– Kaко ова соло-искачување го споредуваш со другите твои врвни солирања на долги насоки?

Алекс Хонолд: Тешко е да се спореди зашто е толку различно. „Сендеро” е качување на отворена карпа со фаќалишта, наместо качување на пукнатини. И бидејќи е една огромна плоча не се пумпаш премногу. Но е многу сложена, тешка и долга насока, па така сепак ова е голем предизвик. Мислам дека ова е една од моите најтешки долги насоки, но времето ќе покаже. Некој кој израснал качувајќи варовник, може да му се види доста лесна, којзнае. Но беше еден возбудлив чекор напред за мене.

– На сликите се гледа дека носиш појас. Што правеше?

Алекс Хонолд: (се смее) па така го снимавме солирањето. Иссолирав еден цел цуг, и таму имаше добро место за да го ставам појасот. За време на еден од цуговите што ги солирав, Ренан Озтурк висеше со скаличка на еден експанзивен. Така е тоа со снимањето соло-искачувања.

– Што ти е следно во план?

Алекс Хонолд: Не знам. Сè зависи од буџетот и продукциите. Деновиве тргнувам за Патагонија со Томи Колдвел. Првпат одам таму, и не знам да качувам мраз. Не знам ни да користам цепини ни дерези. Мислам дека Роландо Гариботи му даде на Томи многу нешта за кои смета дека сме квалификувани да ги качиме. Иако слушам дека времето било за никаде. Се надевам дека е така па постојано ќе качуваме болдери и ќе бидеме суперсилни кога ќе се вратиме. Не сакам да страдам во планините.

Извор