Во Мексико

Хонолд со ново слободно соло

Алекс Хонолд ја започна 2014 година со едно од своите најамбициозни и најтешки соло-искачувања до денес: тешката 457 m долга варовничка big-wall насока наречена „El Sendero Luminoso” во El Portero Chico, Mexico.

Сложената насока содржи многу цугови од сложено качување со тежина 7b до 7c+. На наврските најчесто им треба околу два дена да го качат овој импресивен монолит, но за искачувањето на Хонолд му беа потребни само три часа.

Минатата недела, Сидар Рајт (Cedar Wright) отпатува за Мексико за да му помогне на хонолд да ја исчисти и подготви насоката, и исто така прв да ги помине дополнителните 300-тина метри до врвот.

  • „Насоката ја качив четири пати заедно со Алекс, и секогаш бев зачуден колку е сложено и напорно качувањето во неа“, изјави Рајт. „Има стотици движења со раце и нозе кои треба да се запомнат, има само неколку милиметри за прстите кои помагаат да се држиш за стената. Повеќето од времето се обидував да не мислам како тој би ја солирал насоката зашто додека јас бев таму беше застрашувачко.“

Хонолд вели дека искачувањето одеше добро како што испланирал.

  • „Беше некако директно“ рече тој. „Само што започнав, си реков, „ова е фантастично“. Ниеднаш не ми лизна нога, како балерина.“

  • „Можеби Алекс скромно ќе го опише ова достигнување, но можам со сигурност да потврдам дека ова е едно од најврвните соло big-wall искачувања.“ рече Рајт.

Автори на насоката „El Sendero Luminoso“ се Курт Смит (Kurt Smith) и Џеф Џексон (Jeff Jackson). „Мислам дека ја качивме во 1994 година“ изјави Џексон. „Го избравме едно од најсовршените парчиња карпа со најмала количина на вегетација во Портеро.“