КИНЕЗИОТЕЈПИНГ / KINESIOTAPING

Наслов

Јапонска метода дел од модерната физиотерапија

Kinesio Taping е техника на лепење на "Kinesio Tex" ленти ,кои се дизајнирани да го забрзаат процесот на природно лекување на организмот, обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување.

Др.Кензо во Струга на конгрес на Македонските физиотерапевти

"Kinesio Tex Tape", е еластична адхезивна лента развиена од јапонскиот kиропрактичар Др.Кензо Касе. Toa е хипоалергена , водоотпорна лента направена од памучни влакна со акрилен лепак која може да се користи неколку дена, безбедна за користење од широка популација од спортисти до педијатриски пациенти.

Д-р Кензо Kase (киропрактичар) во потрага да изнајде начин со што ќе го олесни природниот процес на исцеление на телото и продолжување на дејството и бенефициите од неговиот мануелен третман по напуштање на пациентите од неговата клиника , ја развива оваа метода kinesiotaping со цел да ја пополни празнината во опциите за третман. По развој и рафинирање на методата во доцните 1970-ти, неговата иновација предизвикува интерес во медицинското општество.

Од самиот почеток Др.Касе цели кон формирање на kinesio општество од практичари на оваа метода и во текот на годините тој создава голем број на инструктори и практичари кои ги пренесуваат своите успеси и нудат висок стандард на употреба на кинезиотајпинг методата. Кинезиотејпинг лентата својата експанзија ја доживува после олимпијадата во Сеул во 1988 година и од тогаш до сега таа е присутна на сите светски спортски настани . Минатата година во септември во струга на вториот конгрес на македонските физиотерапевти специјален гостин беше Др.Кензо Касе ,колегите физиотерапевти од регионот и од македонија имаа можност да видат и научат дел од техниките директно од  Др.Кензо.

Начин на примена

кинезиотејпинг на рамо

 

 

Евалуацијата и проценката се клучни во третманот на било која клиничка состојба. За да ги добиете посакуваните резултати од апликацијата Kinesio Tape, потребна е целосна проценка на вашиот пациент. Во некои случаи, третманот на некоја состојба може да бара и третман на други основни состојби. Оваа проценка треба да вклучува рачно тестирање на мускулите, опсег на тестирање на движењето, оцена на одењето и слични ортопедски тестови кои што се сметаат за неопходни. Информациите добиени од овие проценки ќе му овозможат на физиотерапевтот да изготви соодветен протокол за третман.

Kinesio Tex лентата се применува по претходна евалуација на состојбата на пациентот и целта за нејзината примена е директно зависна од соодветната проценка. Наодите од клиничката евалуација или проценка ги диктираат спецификите на апликацијата на Kinesio лентата.Со користење на единечни ленти во форма на "I" или модификации во облик на "X", "Y" или слични специјализирани форми, како и насоката и количеството на истегнување на лентата за време на примената, Kinesio Tex лентата може да се примени на стотици различни начини.

Дејство на кинзеиотејпингот

Кинезио тејпингот се темели на концептот на олеснување на мускулните и кожните движења, со цел да се постигне биомеханички, терапевтски ефект врз третираните зони. Лентата со своите микро движења ги стимулира кожните и поткожните рецептори, стимулирајќи го нервниот систем кој го условува мускулниот рефлекс. Освен тоа, лентата со помош на кожната стимулација го редуцира лимфниот и крвниот застој, ја подобрува локалната микроциркулација и го олеснува намалувањето на отокот. Лентата всушност, преку набирање на кожата го зголемува интра клеточниот простор со што ја олеснува лимфната дренажа . т.е , со намалување на тензијата врз поткожните рецептори за болка се редуцира болката и се превенира околното ткиво од повреди, едеми и крварења.

кинезио ефект на едеми

Кинезиотејпингот можат да го применуваат различини видови на здравствени работници кои се блиски со својата професија до определувањето на функционалниот статус на локомотормниот систем , но сепак е важно да се напомене дека исклучително важно е истите да бидат и соодветно едуцирани и сертифицирани од KINESIO UNIVERSITY  со што ќе можат на своите пацинети да им пружат вистински кинезиотејпинг третман со очекувани резултати.

Македонското физиотерапевтско здружение  во својот годишен план има договорено со светски познати кинесиотејпинг практичари и инструктори да се одржат кинезиотејпинг курсеви со цел оваа техника по брзо да се етаблира во македонската физиотерапија.

17 Август 2017

За авторот