Оваа сезона Маврово беше нашата дестинација

2015та е за Маврово

Како што привршува и оваа скијачка сезона решив да составам воведно клипче (со надеж дека ќе поскијаме барем уште еден викенд) од годинава, па потоа ќе следи и едно подолго видео со најинтересни моменти од сезоната.

Годинавa околностите не наведоа да скијаме на Бистра, претоставувам повеќето од вас сте ја посетиле, нас ни беше првпат. Прекрасна планина со добар ски центар. Бидејќи имавме организиран превоз од Скопје, си биравме сончеви викенди и уживавме во по падините на овој скијачки центар.