Златната треска на кејот на Вардар

Во хаосот кој го предизвикува модерното живеење, сите оние обврски кои во суштина ни станаа секојдневие, ние со нашата упорност и посветеност сепак пронајдовме час-два да ги одвоиме за себе, и за сопственото здравје. Секојдневно се состануваме на Кејот на Вардар – отспротива на Александар Палас.

Тренинзите се одржуваат во текот на целата година, секојдневно, со исклучок во недела.

Посетители се спортисти, и рекреативци за кои се прават индивидуални програми кои се во склоп со нивните потреби и желби, како и посебен режим на исхрана која се прави во зависност од тоа дали треба да ја намалат или зголемат својата телесна тежина.

Спортистите најчесто доаѓаат за подобрување на своите физички можности, а голем број од нив доаѓаат и за враќање во тренажниот процес, после некоја повреда или оперативен зафат.

Секој тренинг е приказна за себе, секој е различен од претходниот, а сето тоа зависи од можностите на индивидуите кои тренираат.

Главната цел ни е да им дадеме јасна слика на лугјето дека спортувањето на отворено е исклучително здрава навика, навика која предизвикува позитивни чувства за самиот себе.

Затоа вежбајте, јадете здраво, практикувајте здрав живот, и ќе се чувствувате прекрасно… ние тоа секојдневно го правиме !!