Наслов

Дехидратација и намалување на спортските перформанси

Првиот научен труд на тема: Влијанието на хидратацијата во спортските перформанси е објавен во 1944 во САД.

Од тогаш бројни експерти во својата научна работа докажуваат дека дури и мала дехидратација (2%, еквивалентно на губиток од 1,4кг кај лице со телесна маса од 70кг), може да има негативно влијание на перформансите, особено за физичка активност која се одвива во топла средина (Armstrong LE et al, 1985; Walsh RM et al, 1994; Murray B, 2007; Shirreffs SM, 2009).

Неодамнешните студии (Douglas JC et al, 2010; Cheuvront SN et al, 2010; Kraft JA et al, 2011) докажуваат дека ефектот од дехидратацијата е различен во зависност од физичката активност (аеробни или анаеробни вежби) и во зависност од причините за дехидратација (сауна, диуретици, топлина и слично).

Доколку ги земеме предвид аеробните вежби, на високи температури, со несоодветна хидратација, намалувањето на перформансите се поврзува со фактот дека дел од губитокот на течности преку потење доаѓа од крвта со што се намалува волуменот на крвотокот, а со тоа се намалува и способноста за ладење на телото, како и снабдувањето на кислород до клетките.

Важно е да се напомене дека хидратацијата влијае и на менталните способности (Cian C et al, 2000); со други зборови, сите спортски активности кои вклучуваат психомоторни способности можат да бидат попречени од дехидратација. Затоа може да Ви помогне квалитетен изотоник, кој брзо ќе ги надополни изгубените тености и електролити. Хидрирајте се уште пред да почувствувате жед, во интервали: пред, за време и по физичката активност, со тоа ќе го спречите покачувањето на телесната температура и ќе ги подобрите Ваште перформанси.

31 Октомври 2016

За авторот