Комерцијален текст

Наслов

Кои фактори влијаат за да го доведете телото во топ форма?

Веројатно сте наишле на брзи решенија кога се работи за физичка активност: ветувањата дека за две недели можете да ослабете и да имате врвно тело се особено актуелни во летниот период. Сите сакаат инстант резултати, со помалку вложено време, но кога се работи за фитнес и воопшто рекреативно спортување, факт е дека ефектот не можете да го постигнете преку ноќ.

Што всушност значи „да се биде во топ форма"?

Ова е првото прашање што се поставува и е комплетно субјективно. Причината е што не секој сака да трча маратон од 20 километри или да крева огромна тежина. За еден човек, да се биде во топ форма можеби значи да може секој втор ден да џогира по три километри и тоа му е сосема доволно, за друг таа цел би била незначителна – односно можеби сака да трча по 10 километри или да може често да издржува HIIT (вежби со висок интензитет). Затоа, клучно на почетокот е јасно да си поставите што за вас значи да бидете во топ форма. Потоа, на ред доаѓаат чекорите за да стигнете дотаму.

Имајте предвид дека на почетник што сака да стигне до ниво да трча по 5 километри ќе му биде потребно помалку време и енергија, од некој што сака да се натпреварува во триатлон или да обликува завидна мускулна маса во теретана.

Генетика

На некои луѓе им се случува да внимаваат на секој елемент и посветено да вежбаат, но сепак кога ќе се споредат со некој друг што многу помалку вложува од нив да сфатат дека ги немаат истите резултати. Како е тоа можно? Можеби и вие имате познаник што природно е добро граден и со само малку вежбање успева да изгледа како да работел на своето тело со години. Ова се должи на генетиката која е голем фактор. Прашањето е дали е побитна негата и посветеноста или генетиката? Одговорот е – важни се и двете.

Она што со сигурност ќе ве интересира е колку генетиката влијае врз резултатот. За ова нема конкретен одговор, но гените што сте ги наследиле може да ве направат подобри во трчање, во вежби за кревање тежина и ставање мускулна маса. Сепак, немојте да ја обвинувате генетиката за сè – навистина е важна и вашата посветеност кон реализација на целите. На пример, дебелината е во гените и речиси 70% е наследна, но познато е дека гените може да се сменат со диета и вежбање. Така што, можеби нема да освоите златен медал на маратон, но доколку не се посветите на целта, нема да можете да ја обвините генетиката за неуспехот.

Нутриционизам

Можете да бидете упорни до бескрај, но доколку не внимавате на исхраната нема да стигнете далеку. Исхраната е еден од клучните елементи кои влијаат на формата и ова е поле за кое треба да се едуцирате, бидејќи е важно што, кога и во колкаво количество јадете. Со лош избор на производи, дефинитивно ги саботирате вашите заложби.

Храната влијае врз: вашите перформанси, периодот потребен за опоравување и градење мускулна маса.

На пример, темното чоколадо помага да го намалите стресот што телото го доживува од вежбањето, лососот (благодарение на тоа што содржи омега-3 масни киселини) помага за градење мускулна маса, јајцата се одличен извор на протеини – јадењето на само едно јајце дневно овозможува да внесете 12% од дневната количина на потребни протеини.

Интензитет и време

Бидејќи секој кој планира да почне да вежба го интересира после колку време ќе ги забележи резултатите, (иако за тоа нема прецизен рок) може слободно да се каже дека еден почетник би забележал подобрување на фитнес нивото после две недели вежбање. Да, две недели се малку за да забележите драстични промени, но сепак доволно за да можете да искачите скалила без да го загубите здивот.

Ако почнувате од нула и вежбате 4-5 пати неделно, тогаш после два месеца ќе има видливи резултати (под услов да внимавате и на исхраната). Добрата страна кога сте почетник? Бидејќи почнувате од нула, за многу кратко време ќе успеете да ја надградите формата што одличен мотив за да почнете да вежбате уште веднаш!

Опоравување на мускулите

Покрај клучните работи што треба да ги знаете за да го доведете телото во топ форма, неопходно е да знаете дека тоа треба да се опорави после секој тренинг. Секоја физичка активност е стрес за телото и освен консумирањето соодветна храна, неопходно е да ги релаксирате мускулите со масажа. Во тоа ќе ви помогне ALLGA SAN Mobil gel intensiv кој претставува специјална козметика за мускули и зглобови, што особено се препорачува после напорен тренинг. Овој производ разладува веднаш по нанесувањето, а потоа секундарно загрева благодарение на состојките кои делотворно го стимулираат зголемувањето на циркулацијата.

При тренинзи можно е да почувствувате спазми или напнатост во мускулите. Ова е појава што не треба да ве плаши и може да се третира. За третман на ваков вид болки идеално решение е Allga San akut Spasmus. Се нанесува на кожата со масажа и ефективно ја поттикнува обновата и опуштањето на напнатите мускули. Покрај ова производот ја подобрува и физичката состојба на организмот, враќајќи ја удобноста и леснотијата.

06 Јули 2018

За авторот