Наслов

Докажи дека си во форма, докажи дека си најдобар - Старт на Ултимативниот фит предизвик 2019

Оваа пролет омилениот бренд на спортистите Алгасан заедно со партнерот Елена Бубало (Бут Камп) повторно го подготвуваат фит предизвикот на отворено. Освежување за оваа година е тоа што „Ултимативниот Фит Предизвик" ќе се одржи на друга локација далеку од урбаното опкружување.



Ултимативниот фит предизвик е натпревар во кој се работат напредни функционални вежби, кардио вежби, вежби за зајакнување на мускулите кои оваа година на третото издание ќе се изведуваат индивидуално. Вежбите кои ќе бидат опфатени со предизвикот се формирани од страна на Елена Бубало (тренер на Ultimatefit Alebras) и опфаќаат: трчање, склекови, "брпис", чучнувања, различни пленкови, исчекори, интервални вежби со скокови, различни стомачни вежби итн.

Покрај ова, програмата ќе вклучува самостојно готвење од страна на учесниците, предавање за исхрана, утринско истегнување и јога заедно со Елена Бубало како и можност да уживаат во масажите обезбедени од Алгасан. 



Натпреварите оваа година ќе се одржат на отворено во планинарските домови Царевец во Маврово и Караџица. Првиот предизвик - полуфинале ќе се одржи на 1 и 2 јуни во Царевец, а вториот на 22 и 23 јуни во Караџица. Финалето ќе се одржи на датум и локација која дополнително ќе се одреди од страна на организаторот. Во финалето на предизвикот ќе влезат 10 учесници.



Натпреварувачи ќе имаат можност да се борат за одлични награди и ваучери за спортска опрема како и богати пакет производи Allga San за секој учесник во полуфиналето. 

Пријавувањето е бесплатно и веќе започна од 22 април, а ќе трае до 17 мај. На 22 мај од страна на тричлено жири ќе бидат објавени учесниците кои се одбрани за учество во двете полуфиналиња и за борба во Ултимативниот Фит Предизвик.

Линк за пријавување http://fitpredizvik.mk/

06 Мај 2019

За авторот