Наслов

Трчај Форест ин тхе форест

Корисни и мотивациони реченици и видео кое може да ве натера да станете од столот и да го истрчате веќе пишманетиот џогинг. Дечково се вика Емануел Гаулт и дневно трча колку за двајца, а понекогаш и за тројца.

Ако мислите дека петте километри (а сигурно се и помалку) што се обидуваме да ги истрчаме на неделно ниво се ужасно тешки, прочитајте надолу. 

Trail running или трчање по планински патеки е спорт кој што ќе ви ги извади ѕрцките. Ако спаѓате во групата на мазохисти кон самите себе кој сакаат максимално да се испотат за време на нивниот тренинг, повелете. Одбираш некоја планинска патека, и одиш да ја истрчаш.

Многу нормално дека хајлендерсково трчање е малку поинаку од нормалните пешачења низ планина. Ако за една планинарска експедиција и е потребно 5 дена пешачење со добро натоварени ранци за финиширање на качувањето, овде истот го поминуваш (нормално ако си способен) за пола време и со носење на минимална опрема.

Да се разбереме, тренингов не е за секој, но ако сте одлично ментално и кондициски спремни, имате слободно време и сте полни со мотивација и вишок енергија може да му се придружите на Емануел.

22 Ноември 2012

За авторот