Наслов

Што е BJJ за деца

Што е BJJ? Боречка вештина и одбранбен систем, кој се фокусира на граплинг и борба на земја.

Што учиме на тренинзите по BJJ?

- движења на под;

- фрлања и чистења;

- контрола во гард;

- поминување на гард;

- контрола од странична позиција;

- контрола од маунт позиција;

- ослободување гард, страницна позиција, маунт и зафат од позади на под;

- техники на гушење;

- техники на напад – триаголник, кимура, лост на рака, лост на колено, лост на стапало, зафат за гушење на врат итн....;

- техники на одбрана – ослободување од зафат при триаголник, кимура, лост на рака, колено, стопало, ослободување од маунт позиција, странична позиција, зафат од позади итн....;

- борба во станата позиција;

- борба на под;

- динамички мулти комплексни вежби за подобрување на техниките, за зголемување на аеробната и анаеробната способност, подобрување на структурната поставеност при зафат итн.

Зошто BJJ за деца ?
- ја зголемува самоконтролата, истрајноста, упорноста и издржливоста

- позитивно влијание на физичкото и менталното здравје, воедно се намалува и нивото на стрес и се подобрува расположението

- губење телесна тежина

- правилно дишење, правилен раст и развој

- се изучуваат движења, полуги, зафати и фрлања. Нема удари со рака и нога
- изучување на принципите на самоодбрана

Каде да вежбаме???

РООТС БЏЏ Македонија" е првиот клуб за бразилска џиу џица во Република Македонија. РООТС БЏЏ на светско ниво е формирана од Професор Пауло Гуимараеш (првиот носител на црн појас во Австралија) и е еден од најквалитетните тимови во официјалните натпреварувања на целата територија на Австралија.Официјално под РООТС БЏЏ, клубот е отворен на 12.12.2010 година од страна на единствениот македонец носител на црн појас во светот, Проф. Роберт Наумоски.

Клубот тренира во салата на Центарот за боречки вештинини "Д Стронгест" која се наоѓа во ОУ "Партенија Зографски" во населбата Кисела Вода.

За повеќе информации посетете го официјалниот сајт на клубот.

18 Февруари 2014

За авторот