Наслов

Шест совети од психолози од Харвард за тоа како да одгледате добри деца

Ова се шест совети за тоа како да одгледате вистински добри деца од експерти од Универзитетот Харвард.

1. Поминувајте повеќе време со вашите деца

Ова е во суштина основа за се. Треба редовно да поминувате колку што можете повеќе време со вашите деца, да се интересирате за нивните хобија и за нивните проблеми и најважно слушајте што тие ви кажуваат. Не само што ќе научите повеќе за вашите деца, туку и вашата постапка ќе послужи како одличен пример како треба да се грижиме за другите луѓе.

2. Секогаш кажувајте им на вашите деца колку многу ви значат

Според едно истражување спроведено од психолози, многу од децата не знаат дека тие се најважните личности во животот на нивните родители. Децата треба да слушнат од вас колку многу ви значат. Не заборавајте секој ден да ги потсетувате вашите деца колку многу ви значат, на тој начин тие ќе се чувствуваат сигурни, сакани и ценети.

3. Покажете им како да решат проблем, а не да бегаат од него
Ако вашето дете одлучи оддеднаш да се откаже од тренингот по фудбал побарајте од него да ви објасни зашто сака да го направи тоа, а потоа објаснете му дека има обврски и кон другите деца во тимот. Ако навистина сакаат да се откажат, помогнете им да најдат ново хоби.

4. Нека ви помагаат во домашните активности секој ден и покажете им дека сте благодарни за нивната помош

Истражувањата покажале дека луѓето што се навикнати да покажуваат благодарност, се дарежливи и сакаат да помагаат на други луѓе. Затоа е добро да најдете неколку полесни активности во домот каде вашето дете ќе може да ви помага, а за возврат вие ќе се заблагодарите за неговата помаш. Психолозите исто така препорачуваат да се наградуваат децата ако се љубезни и ако секојдневно ви помагаат.

5. Помогнете му на вашето дете да се соочува со негативните емоции

Психолозите веруваат дека способноста да се грижиме за другите луѓе е потисната од негативните емоции како лутината, бесот, срамот и зависта. Со самото тоа што ќе им помогнете на децата да ги спознаат овие емоции, вие ќе ги натерате да се соочат со истите и да ги решат нивните внатрешни конфликти.
На овој начин децата ќе станат посвесни за себе и ќе прераснат во грижливи личности.

6. Покажете им дека светот е поголем, покомплексен и поинтересен отколку што тие можат да замислат

Според неколку истражувања спроведени од психолози, скоро сите деца се интересираат само за малку луѓе што го сочинуваат нивното семејство и најблиските пријатели. Важно е децата да се интересираат и за луѓе и настани што се надвор од овој лимитиран круг на познати луѓе.
И уште малку мудри мисли од експертите од Харвард: „Одгледувањето на едно дете и негово претварање во културно, грижливо суштество е тешка работа. Но затоа пак добро е да се знае дека секој од нас е способен тоа да го направи. И ништо друго на светот не може да се спореди со радоста поради сознанието дека сте завршиле одлична работа".

 Brainobrain Europe

07 Март 2017

За авторот