Прво место на Караорман Куп 2015

Наслов

Првиот пехар пристигна во рацете на ФК Кул

Упорноста, истрајноста, взаемната доверба и соработка помеѓу младите фудбалери, тренерите и родителите на Фудбалската Школа Кул и Кул Здравје вроди со плод. 

Фудбалската школа Кул крајот на овогодинешната фудбалска сезона ја заокружи со учество на Вториот Меѓународен турнир во фудбал - Караорман Куп 2015 во Струга, кој се одржа од 25 до 28 јуни, за млади спортисти од 2001 до 2006 генерација. Фк Кул учествуваше со генерација 2004 и се здоби со титулата финалист на купот за истата генерација.

Упорноста, истрајноста, взаемната доверба и соработка помеѓу младите фудбалери, тренерите и родителите на Фудбалската Школа Кул и Кул Здравје вроди со плод. Чекор по чекор, скала по скала, полека но сигурно чекоревме напред и стигнавме до првиот пехар и успешно ја завршивме сезоната.

Овој успех ќе ни биде мотивација да продолжиме понатаму да чекориме и да достигнуваме повисоки скалила, кои ќе бидат белег на нашата школа по кои ќе не препознаваат.

Голема благодарност за се она што сме денес им должиме и на нашите соработници кои веруваа во нас и ни дадоа неизмерна подршка. Најголема заслуга за сето тоа имаат: Печатница Дуле Стил; НЃ Инжинеринг; М- Златомир Трејд; ИФБ; СУГС "Здравко Цветковски" и О.У. "Круме Кепевски".

29 Јуни 2015

За авторот

Најнови членови

На Facebook