КУЛ КУП 2015

КУЛ КУП 2015 – меѓународен турнир во фудбал за генерација 2006 и 2007

Интересни натпреварите, радост, смеа, солзи, учесници со натпреварувчки дух , пехари, медали, верна публика и уште многу други спортски моменти го обележија меѓународниот турнир во фудбал КУЛ КУП 2015.

КУЛ КУП 2015 – меѓународен турнир во фудбал за генерација 2006 и 2007 го обележа продолжениот празничен викенд 10, 11 и 12 Октомври 2015. Учество земаа екипи од земјава и странство (Кикер Краљево, Македонија Ѓ. Петров, Вардар, Борец Јуниор, Фортуна, Фамос, Фудбал Старс Кочани, Албарса, Драчево Јуниор, Спорт Ефе, Кул, Кул Здравје, Маџари, Работнички, Скупи, Тефејуз, Риниа, Металург и Шкендија). Натпреварите беа одиграни на терените на Кул во Карпош и Кисела Вода.

Турнирот беше организиран по правилата и пропозициите на детските лиги. А за истите беа задолжени делегати, прволигашки судии и медицински лица.

За публиката беа овозможени интересни натпревари, а таа за возврат даде неизмерна подршка и бодрење на екипите учеснички. Беа доделени медали и пехари за првите три места во двете генерации, а се додели и награда за најдобар голман, најдобар играч и најдобар тим.

Екипи кои најмногу се радуваа на турнирот и се вратија со пехари се:
*генерација 2007 – прво место ФК Кикер Краљево, второ место ФК Фамос, трето место ФК Вардар.
* генерација 2006 – прво место ФК Вардар, второ место ФК Кикер Краљево, трето место ФК Скупи.

Натпреварите беа збогатени со радост, смеа, интересни моменти и по некоја солза. Натпреварувачите дадоа се од себе да постигнат повисоко скалило на турнирот, но секако неможеше сите да стигнат до финалето, па затоа бевме сведоци и на моменти на разочарување и солзи за екипите кои не се пласираа во финалните натпревари. Сумираните впечатоци од гостите, екипите учесници, публиката и организаторите се движат во позитивна насока.

Се надеваме дека КУЛ КУПОТ ќе стане традиција, пример за фер плеј игра, размена на искуства помеѓу тренерите, натпреварувачите и сите останати лица кои допринесуваат на свои начин во фудбалот и спортот воопшто, но најголемото искуство го стекнаа организаторите, бидејќи ова беше прв и успешно организиран КУЛ КУП кој треба да биде мотив за подобра и поуспешна организација за наредната година. 

Голема благодарност до Спортско радио 90,3 кое не следеше и ги известуваше случувањата од терените за време на турнирот, а исто така голема благодарност до: Новатекс Дооел Скопје, Атлантик Треид Скопје, Европа Скопје, Дидекс Скопје и Печатница Дуле Стил кои беа покровители на турнирот и помогнаа со своите производи да ги израдуваме нашите учесници за време на турнирот.

“Виновниците” – Фудбалските Школи Кул и Кул Здравје организатори на КУЛ КУПОТ 2015 им се заблагодарува на екипите за своето учество, на фирмите кои го потпомогнаа реализирањето на истиот и соработниците кои помогнаа да оставиме белег во спортот.