Бидете КУЛ, тренирајте и зборувајте во COOL

Фудбалска Школа “COOL” & Т- mobile

Годинава ја заокруживме со спортски настан кој ќе остане во паметење за нашите млади фудбалерчиња.

Фудбалската школа “Кул”, 2013-та година ја заокружи со својот спортски настан Детска Лига “COOL” во покровителство на Т- mobile. Како и секоја недела, така и неделата (15.12.2013) се одржа Детската Лига каде се одиграа последните натпревари за оваа сезона, проследено со изненадувања за натпреварувачите. Фудбалската Школа Кул и  Т-mobile им овозможија на сите учесници да добијат по една припејд картичка – COOL, како благодарност за учеството, а фудбалската школа “Кул” доби брендирани дресови за своите членови во знак на взаемната соработка. Се надеваме во иднина и други фирми ќе го следат примерот на Т- mobile и ќе бидат дел од Детската Лига “COOL”.