ИГРАЈ ФУДБАЛ, САКАЈ ФУДБАЛ

Една година Ф.К. Форца – Штип

Заеднички сите славиме 1 години од нашиот прв тренинг !

Година низ која напредувавме Ние како фудбалска школа, но пред се нашите фудбалерчиња кои се двигателот на оваа прекрасна приказна. Незаборавни моменти на среќа, игра, дружба, докажување и победи. Моменти кои се надеваме дека ќе бидат дел во уште поголем облик и во престојната 2019.

Не смееме да заборавиме и да ги пофалиме нашите фудбалерчиња кои успешно го „положија” тестот во сите категории, каде што се носеа рамо до рамо со своите врсници и противници во натпреварите. Преку натпреварите во целата година имаме јасна перцепција дека поседуваме квалитетни дечиња на кои им предстои фудбалска кариера.

Една година радост, посветеност, тренинг и дружење. Поминат период во прекрасни моменти, понекогаш тешкотии но секогаш заедно одиме напред, и тоа е дел од спортскиот начин на живот дури и самиот живот!

Сакајте го спортот, сакајте го фудбалот, бидејќи таа љубов е обострана и вечна !!!

Да сте ми живи и здрави и секогаш насмеани!!!

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН Ф.К. ФОРЦА ШТИП
ИГРАЈ ФУДБАЛ, САКАЈ ФУДБАЛ