Наслов

4 Комбинации на суплементи за подобри резултати

Компирчиња и кечап, филм и пуканки, пиво и фудбал... секако, може едно без друго, но зошто кога знаеме дека заедно задоволството е многу поголемо, целосно. Овие комбинации заедно се подобри. Истото важи и за суплементите.

Направени се многу истражувања за суплементите поединечно, но исто така направени се и истражувања кои суплементи во комбинација делуваат подобро, односно кога одат во комбинација заедно си помагаат еден на друг и достигнуваат максимална ефикасност. За да го извлечете максимумот од суплементите, еве како треба да ги комбинирате за подобри резултати, во зависност од вашите фитнес цели.  

1. ЗА ЕНЕРГИЈА  И  МУСКУЛИ  КРЕАТИН + Л-АРГИНИН

Креатинот е познат по неговата главна улога во зголемување на енергија и мускулна маса. Заради бројните предности, го користат професионалци и рекреативци. Во комбинација со Л-Аргинин, кој ги подобрува перформансите, секако ќе ви овозможи да постигнете подобри резултати. Креатинот апсорбира залиха креатин-фосфат, кој овозможува посилен интензитет на тренингот и брзо закрепнување. Л-Аргининот дава дополнителна издржливост за квалитетен тренинг, подобра апсорпција на креатинот и останатите суплементи. Го стимулира процесот на обновување на клетките на мускулите и хормонот на раст. Овие два суплементи освен што ги подобруваат перформансите во текот на тренингот, зголемуваат мускулна маса и енергија многу повеќе отколку само креатин. 

2. ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ: КАЗЕИН + Л-ГЛУТАМИН

Споро сварливиот протеин казеин е најдобро познат по тоа што континуирано го храни телото со аминокиселини кои го подобруваат растот и обновувањето на мускулите. За регенерација на мускулните ткива, зголемување на мускулен раст тука е Л-глутаминот кој заедно со казеинот се идеална комбинација за опоравување после тренинг.

Полесно сварливиот протеин казеин е најдобро познат по својата способност контунуирано да му овозможува на телото аминокиселини и на тој начин го поддржува растот и обновувањето на мускулите. Кај повеќето луѓе, пробиотиците ја подобруваат дигестијата и внесот на хранливи материи. Со употреба на овие суплементи ќе добиете и помалку воспаление на мускулите и побрзо закрепнување по тренинг. Во едно истражување биле вклучени мажи кои се занимавале со подигнување на тежината. Тие биле поделени во две групи - една група добила само креатин, а другата заедно со креатин добивала и пробиотик Bacillus coagulans. Другата група имала значително помало воспаление на мускулите и се опоравила побрзо по интензивниот тренинг.

3. ЗА ПОДОБАР ФОКУС: КОФЕИН 

Нема многу потреба да пишуваме за кофеинот. Без разлика дали внесувате во форма на кафе или е дел од вашиот пијалок пред тренинг, кофеинот ефективно го возбудува и го зголемува нивото на енергија. Исто така го намалува чувството на замор и ја зголемува концентрацијата и координацијата. 

4. ЗА СЛАБЕЕЊЕ: ЕКСТРАКТ ЗЕЛЕН ЧАЈ + КОФЕИН

Кофеинот е една од главните состојки на повеќето додатоци за слабеење, бидејќи истовремено го зголемува нивото на енергија и ја забрзува потрошувачката на масти. Иако резултатите се доволно импресивни сами по себе, земањето екстракт од зелен чај во комбинација со кофеин уште повеќе го забрзува метаболизмот и резултатот е трошење на повеќе калории. Овие два производи во комбинација збогатени со аминокиселини.

Треба особено да се внимава да се внесуваат оригинални производи, како што се производите на Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, My Protein, QNT, BSN, Proseries Polleo Sport, Vitargo, MVP Nutrition, Multipower, кои може да ги обезбедите во хрватскиот ланец на продавници за здрава храна и спортска опрема Polleo Sport

05 Април 2018

За авторот