Спанаќово чорбиче со семки
За разладување и за доза нутрициенси.
- 500 грама спанаќ
- 1 главица кромид
- 2 лажици просо
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица семе од сончоглед
- 1 лажица семе од тиква
- 700 мл вода
- 200 мл млеко
- сол и бибер
- масло
1. Спанаќот убаво се мие и се сецка крупно заедно со дршките бидејќи и тие изобилуваат о хранливи состојки, а кромидот се сецка ситно.
2. Во подлабок сад се загрева масло за готвење (може и путер) и се пропржуваат спанаќот и кромидот.
3. Се налева со вода и се додаваат семките. Кога ќе проврие се налева и млекото и се вари уште 10 минути.
4. Се служи со малку кефир, јогурт или лажица павлака за дополнителна доза пробиотици.