Наслов

Овошен џем со масло од босилек

Вкусен џем кој не дочека да биде намачкан на леб...

 
  • 3 круши
  • 3 лажици масло од босилек
    3 лажици чиа семе
  • 100 грама малини
  • сок од 1/2 лимон
  • 2 лажици органски ливадски мед
  • свеж босилек
 

1. Крушите се сечат на крупни коцки и се залеваат со околу 200 мл вода. Може претходно да ги излупите или лушпите да ги извадите во следната фаза.

2. Се зовриваат крушите и се варат на средна температура околу 15 минути да омекнат, па им се додаваат малините, сок од половина лимон, мед и масло од босилек кое дава прекрасен шмек.

3. Садот се враќа на оган уште 15 минути додека да испари водата и да се добие кашеста конзистенција.

4. Кога малку ќе подолади се додава чиа семето, се меша и се пакува во тегличка или садови за послужување.

15 Август 2016

За авторот