Наслов

Модар патлиџан во доматен сос

Вкусно септемвриско ручече...

 
  • 3 модри патлиџани
  • 500 мл сос од домати
  • 3 чешниња лук
  • магдонос
  • сол и бибер
  • маслиново масло
 

1. Модрите патлиџани се сечат надолжно на половинки или ако се тенки се оставааат цели.

2. Во тефлонско тавче на масло се пропржуваат патлиџаните и се редат во тавата за печење, а на остатокот од маслото на крај се пропржува и лукчето.

3. Во тавата за печење се налева 1 чаша вода, се додава лукчето со маслото и се зачинува според вкус.

4. Се печат на 200 степени со капак додека да омекнат, а пред крај се долева и сосот од домати, се додава магдонос и се пече уште 15тина минути без капак.

25 Август 2016

За авторот