К4Т коцки за супа
Домашни коцки што во секое време можете да ги искористите за супи, гулаш, сосови, пасти, но и за орална рехидратација, бидејќи изобилуваат со многу минерали и витамини. Нема адитиви, а можете да ги прилагодите вашите вкусови со зеленчукот кој ви дреме неискористен во фрижидерот…
- 2 моркови
- 1 шолја грашок
- 10-15 шери доматчиња (може и пире од домати)
- 10 чешниња лук
- 1 лажица оригано
- 1 лажица куркума
- 1 лажица кориандер
- 1 лажица ким
- 1/2 лажица бибер
- 100мл маслиново масло
- 2 лажици морска сол
Пoдготовка
1. Сите состојки се подготвуваат (се мијат и лупат ако има потреба) и се сецкаат на помали парчиња.
2. Потоа се блендираат ситно и се мешаат додека не се добие густа паста.
3. Се налеваат во калапчиња од сладолед (или какви што имате) и се замрзнуваат.
4. После 4-5 часа коцките се вадат од калапот, се ставаат во кутија/кеса и се враќаат во замрзнувач.