Шарено гравче
Одлично со една чаша вранец после напорен активен ден…
- 200 грама варен грав (може и остаток од петочниот или лименка)
- 250 грама пченка од конзерва
- 2 кромитчиња
- 2-3 чешниња лук
- 100 мл доматно пире
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици суви миродии (сушен босилек, коријандер, бибер)
- 1 лажица буковец
- сок од 1 лимон
1. На маслото се пропржува кромидот, исецкан на тркалца, па се додаваат зачините, буковецот и доматното пире.
2. По неколку минути се додава гравчето кое е претходно сварено и пченката од лименка.Се меша лесно 1-2 минути и се трга од оган.
3.Се попрскува со сок од лимон.