Биокулт органски рецепти

Наслов

Безглутенска паста и Базилико сос

Вкусен и ефикасен безглутенски оброк. Пастата верно и парира на класичната, а здравствените придобивки се дуплирани во позитива.

 
  • 1 пакување Denneree безглутенски органски шпагети
  • 1 тегла Gustoni Basilico органски сос
  • 10-тина шампињони
  • 2-3 чаша грашок
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2-3 лажици нутритивен квасец
  • хималајска сол
  • бибер
 

Подготовка

1 Шпагетите се варат (како што е наведено на пакувањето) заедно со исецканите шампињони и грашокот.

2 Се цедат, а потоа се додаваат запржените лукчиња во кокосово масло.

3 Се полеваат со готовиот сос од домати и босилек.

Се наросуваат со бибер, а потоа се додава и нутритивниот квасец.


* Повеќето состојки можете да ги набавите во продавниците на Биокулт.


07 Октомври 2015

За авторот