Екологика

Наслов

Што јаде светот?

Фамилиите во државите низ планетава имаат доста различни традиции, верувања и минато. Но едно е секаде исто, без разлика каде се наоѓаат во светот, сите тие треба да се хранат. Питер Мензел и Фаит Д`Алусио решиле да го заобиколат светот, истражувајќи како се разликуваат навиките за јадење од држава во држава, Проект кој резултирал со книга наречена Hungry Planet: What the World Eats, исполнета со еден куп слики од различни фамилии со своето неделно мени.

Тиe посетиле 24 различни држави и 30 фамилии, сликајќи ги дома, во маркет и опколени со своите неделни залихи за храна. 

Сликите не само што даваат преглед на диеталните навики, туку од нив може да се извлечат многу други заклучоци како грижата за здравјето, животниот стил, економијата, контрастот помеѓу економски стабилните семејства со посиромашните семејства итн. 

Интересно, економски посиромашните семејства јадат понутрициона и посвежа храна отколку семејствата кои без проблеми можат да си го дозволат тоа.

Скролајте надолу и размислете, кое мени според вас е најздраво за јадење?

Фамилијата Укита од Јапонија

Трошоци за храна за една недела - $317.25
Омилена храна - Сашими, овошје, колачи, чипс.


Фамилијата Манзо од Италија

Трошоци за храна за една недела - $260.11
Омилена храна - риба, паста, хотдог, замрзнати риби


Фамилијата Абоубакар од Чад

Трошоци за храна - $1.23
Омилена храна - Супа со свежо овчо месо


Фамилијата Ал-Хуган од Кувајт

Трошоци за храна за една недела - $221.45
Омилена храна - Пилешки бирјани (зачинет ориз) со басмати ориз


Фамилијата Ревис од Северна Каролина, САД

Трошоци за храна за една недела - $341.48
Омилена храна - Шпагети, Компири, Зачинето пилешко


Фамилијата Касалес од Чуернавака

Трошоци за храна за една недела - $189.09
Омилена храна - Пица, ракчиња, паста, пилешко


Фамилијата Донг од Кина

Трошоци за храна за една недела - $155.06
Омилена храна - Пржено свинско со кисело благ сос


Фамилијата Собцински од Полска

Трошоци за храна за една недела - $151.27
Домашен рецепт - Свински прженки со морков, целер, пашканат


Фамилијата Ахмед од Египет

Трошоци за храна за една недела: $68.53
Фамилијален рецепт - Бамја и Овчо месо


Фамилијата Ајме од Еквадор

Трошоци за храна за една недела - $31.55
Фамилијален рецепт - Супа со компири и моркови


Фамилијата Кавен од Калифорнија, САД

Трошоци за храна за една недела - $159.18
Омилена храна: Чорба со говедско месо, јогурт со јагода, густа супа со зеленчук, сладолед


Фамилијата Батсури од Монголија

Трошоци за храна за една недела - $40.02
Домашен рецепт - Овчо месо со кнедли


Фамилијата Баинтон од Англија

Трошоци за храна за една недела - $253.15
Омилена храна - Сендвич со мајонез, коктел со ракчиња , Чоколаден фуџ колач со крем


Фамилијата Намгај од Бутан

Трошоци за храна за една недела - $5.03
Домашен рецепт - Печурки, сирење и свинско месо


Фамилијата Меландер од Германија

Трошоци за храна за една недела - $500.07
Омилена храна - Пржени компири со кромид, сланина и харинга, пржени кнедли со јајца и сирење, пица, ванила пудинг.

Книгата можете да ја најдете овде

02 Септември 2014

За авторот