Отстранете ги болките во зглобовите со кора од лимон

Несомнено е дека лимонот е еден од најздравите овошја на планетава. Овој цитрус е исклучително корисен за лекување на бројни здравствени проблеми, вклучувајќи инфекции на грлото, запек, проблеми со забите, внатрешно крварење, реума, изгореници, дебелина, респираторни заболувања и висок крвен притисок.

Лимонот, исто така може да се искористи за подобрување на квалитетот на кожата и косата. Лимоните се ризница на витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, А, Б1, Б6, магнезиум, пектин, фолна киселина, фосфор, калциум, и калиум во својот состав.

Иако повеќето луѓе сметаат дека придобивките доаѓа од течноста на лимонот, вистината е дека кората на лимонот е таа што нуди поголеми бенефиции за човечкото тело.

Кората на лимонот е антибактериска и помага при остранување на болката во зглобовите.

Течностите кои се наоѓаат во кората на лимонот се одговорни за релаксација на крвните садови и обезбедуваат анти-инфламаторен ефект, кој помага да се ослободите од нервната болка.

Подолу се наведени два рецепти кои се класифицирани како ефективни методи за отстранување на болката во зглобовите со користење на кората од лимонот.

1 Сечете ја кората на лимонот внимателно на мали парчиња, а притоа отстранете го внатрешниот бел дел. Ставете ја кората на пределот со болки и правете масажа на тоа место. Потоа она што сте го исецкале, покријте го со марамче или фолија и оставете го да отстои околу два часа.

2 Откако сте земале 2 лимони, ја издвојувате кората и ја ставате во тегла. Додавате маслиново масло. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои два часа. Потоа, со смесата го масирате местото каде што е болката. Заврзете го местото со нешто и оставете го така цела ноќ.