Наслов

Фрактална брокула – храна за диносауруси, а понекогаш и луѓе

Кога прв пат ќе го здогледате овој фрактално-алгоритмичен братучед на брокулата и карфиолот ќе си помислите дека тој е само некакво орнаментално растение кое служи за фаќање прашина, а во суштина, фрлен на пареа, а потоа во чинија тој има што нутриционистичко да понуди.

Брокулата романеско (romanesco broccoli) е некоја чудна природна фузија помеѓу брокулата и карфиолот која датира од времето кога бронтосаурусите кркале сè што било зелено на планетава. Таа понекогаш се нарекува Broccoflower, а за дизајнот што природата ѝ го дала нема да го коментираме, бидејќи самиот за себе зборува.

Ние ќе ви кажеме само едно: ова чудно растение не е само за украс, луѓето може да го јадат и многу е здраво!

Генусот Брасика (Brasicca) каде припаѓаат сите овие чудни земјени израстоци како оваа брокула, обичната брокулата, карфиолот, зелката, синапот, прокељот и други имаат неверојатно силни анти-канцерогени својства, а токму Романеску се покажала како најефикасниот член во превенцијата на канцер.

Заедно со црвената и црната зелка, брокулата романеско е зеленчукот кој содржи најголема количина на изотиоцијанати за кои е докажано дека го спречуваат размножувањето на клетките на ракот и ја потпомагаат нивната клеточна смрт.

Кога сме веќе кај анти-оксидансните материи кои оваа брокула ги содржи, можеме да ги споменеме и бројните видови на флавоноиди кои исто така имаат анти-канцерогени, но и кардиоваскуларни превентивни својства.

100 грама од било која, па и од оваа брокула ги содржат препорачаните милиграми на витамин C за еден ден, а огромните количини на диетални влакна само ја дополнуваат сликата на еден перфектно издизајниран и богат зеленчук.

Ако некојпат се дочапате до брокулата од ерата на диносаурусите, фрлете ја на пареа или само малку обарете ја, со што ќе загубите помалку нутри елементи со кратката термичка обработка. Послужете во комбинација на било што и пријатно здравје.

28 Февруари 2013

За авторот