Безглутенско брашно

Наслов

Безглутенско брашно, совршена замена за уживање!

Безглутенско брашно, совршена замена за уживање! Нема причина за паника, сега можете слободно да подготвувате палачинки, торти, колачи, кифлички, супи, бисквити, леб, пити, пици и други вкусни задоволства од брашно, бидејќи безглутенското брашно ќе Ви го овозможи тоа уживање.

Имате нетолеранција на глутен (целијакија или целијачна болест), сакате да ги намалите килограмите или сакате да се храните здраво, тогаш на Вашата трпеза морате да имате безглутенско брашно. Уживајте во вкусовите кои Ви недостасуваа!

Оживејте ги домашните рецепти со чаша безглутенско брашно! Белото печиво може да биде вкусно и без брашното од пченица. Но, ова брашно можете да го употребувате и при похување (на пример, печурки, маслинки, кромид итн.).

Треба да се знае дека ова брашно не е еластично, треба да му се додаде ксантин гума (прав во мали количини), бидејќи на брашното ќе му ја овозможи таа функција (замена за квасец). Со ова брашно исто така, многу ќе заштедите, нема да Ви бидат потребни повеќе видови на брашно додека готвите. Вашите деца и целото Ваше семејство ќе можат да уживаат во безглутенското брашно, бидејќи ќе Ви биде потребно само едно пакување. Најважно од сė е тоа што вкусот на јадењето ќе остане ист, треба само да го смените брашното за да бидете поздрави.

Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, 'ржта и јачменот. Многумина мислат дека овесот содржи глутен, но тој содржи авенин (протеин сличен на глутенот). Истражувањата покажуваат дека оние кои избегнуваат да јадат храна со глутен, авенинот не им пречи (сепак консултирајте се со стручно лице, секој организам е различен). Глутенот го има во белите печива, брзата храна, грицките, пивото, сосовите итн. Овој протеин му дава на производот еластичност и сила на заедништво, цврстина и соединување.

Не ги избегнувајте симптомите на нетолеранција на глутен, секое изедено парче го загрозува Вашиот живот. Доколку чувствувате замор по јадењето на бели печива, ако имате проблеми со дигестивниот систем, грчеви, болки во стомакот, надуеност, ако имате хронични заболувања, хормонски дисбаланс, ПМС, полицистични јајници, мигрена, хроничен замор, психолошки и невролошки нарушувања, тогаш е вистински момент да го замените обичното брашно со безглутенско.

Имајте во Вашата кујна безглутенско брашно од амарант, костен, киноа, просо, хељда, кокос (но, може и мешавина од нив) итн. Само така ќе се заштитите себеси и Вашите деца од болестите кои за жал се секојдневие. Не заборавајте дека безглутенското брашно се прави од цело зрно (од зрното останува сė: лушпата, ендоспермот и никулецот), тоа значи дека сите хранливи витамини и влакна остануваат во брашното.

Кога купувате производи, внимателно читајте што пишува на нив. Тој момент е многу важен, бидејќи може производот да е безглутенски, но најчесто при одгледувањето на производот може да дојде до вкрстена контаминација (на пример, на некои луѓе заболени од целијална болест им е дозволено да јадат овес, но овесот се одгледува во близина на јачменот, пченицата и 'ржта).

Не заборавајте дека ако сакате да се храните со безглутенски производи, тогаш сите намирници кои ги употребувате мораат да бидат безглутенски (на пример, ако подготвувате пица со безглутенско брашно, тогаш сите состојки кои ќе ги ставите одозгора треба да бидат безглутенски).

Уживајте!

02 Октомври 2017

За авторот