Пивскиот мев е само мит?

Иако изразот секојдневно се “шуња” во разговорните менија на оваа обемна тема, Др. Кетрин тврди дека пивското меше (или мев, за кого како) е мит. И покрај тоа што доказите не ги закачила на нет, ние слепо ќе и веруваме бидејќи нема ништо подобро од добро ладно пиво.

Др. Кетрин О’Саливан е авторот на студијата “Beer & Calories, A Scientific Review” каде таа пронашла дека не постојат доволно добри научни докази за тоа дека пивото предизвикува дебелеење.

Но, работата е малку сомнителна од неколку причини. Прво, резултатите од студијата на Др. Кетрин не се достапни во ниедно ќоше од интернетот, а второ и уште поважно е тоа дека студијата е спонзорирана од пивската индустрија.

Сепак, во интервјуто за Телеграф таа назначува многу интересни работи. Пивото има помалку калории на волумен од виното, жестоките пијалоци па дури и од сокот од портокали.

На крајот таа се потпира на старите добри калории и пиењето во модерација. Колку повеќе (калории) без вежбање, толку подебели ќе бидеме. Таа исто така и ги наведува и сите позитивни ефекти од пивото за кои веќе доста сме чуле се додека консумираме со усул.

Па, проценете сами.