Наслов

Заедничка поддршка на каратето

Средба на претседателите на МОК, АМС и КФМ со нашите најдобри каратисти.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (MOK), д-р Васил Тупурковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Марјан Спасески и претседателот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) г-дин Драган Стојановски, во присуство на членовите на УО на КФМ, имаа средба на која се разговараше за плановите и програмите на КФМ како и за координирана заедничка помош на МОК и АМС во однос на подготовките и учеството на нашите најдобри каратисти на врвните спортски настани (европско и светско првенство).

По средбата, тие заедно ги посетија и нашите најдобри карате репрезентативци кои заедно со нивните тренери напорно се подготвуваат и ќе настапат на светското првенство во Линц, Австрија (25-30 Октомври 2016 година), настан кој е прво големо натпреварување откако каратето беше прогласено за Олимписки спорт. Ова е трета официјална средба, во изминатите месец дена, меѓу претседателите на МОК и КФМ, д-р Васил Тупурковски и г-дин Драган Стојановски, на која веќе се договорени деталите за реализација на заедничката олимписка програма Токио 2020, во насока на учество и освојување на медал на нашите најдобри каратисти на Олимписките игри во Токио, Јапонија.

03 Октомври 2016

За авторот