Во Сан Себастијан завидни резултати на нашиот Кик Бокс тим

На Европското Кик Бокс првенство за јуниори и кадети кое се одржува во Сан Себастијан, Шпанија  Македонските претставници ги оправдаа оцекувањата.

Имаме две финалиња – загарантирани сребрени медали од Марија Божиноска и од Бобан Илиоски како и бронза за Хадис Рамадани.

Прв настапи Хадис Рамадани -67кг лоу кик, кој во борбата за финале изгуби од актуелниот светски првак од Римини од минатата година. Самата борба беше неизвесна во сите три рунди. Сепак искуството на светскиот првак Данило Ракиќ од Србија допринесе да го победи младиот Рамадани. Бронзата ќе ги краси градите на Хадис кој како и останатите во таборот очекуваше пласман во финале.

Марија Божиноска +70 кг кик лајт беше првата финалистка. Марија извојува неприкосновена победа над пољакињата Марта Липка и ја израдува Македонската делегација. Марија утре во настапот за златен медал ќе се сретне со Италијанската репрезентативка Марта Филипи. Бобан Илиоски -71кг лоу кик со доминација во сите три рунди и технички одлично изведената борба извојува победа над Дамиан Пискорз
од Полска. Илиоски во борбата за златен медал ќе се сретне со Русинот Теимур Азизов.

И Марија и Бобан се чувствуваат одлично, а раположението кај целиот Македонски тим е на завидно ниво. Сите очекуваме Македонската химна два пати да се слушне во Сан Себастијан и високо на јарболот да се крене Македонското знаме.