Наслов

Во исчекување на Шарпланински куп 2013

Овој викенд, од 22 до 24 февруари традиционално по 40ти пат ќе се одржи најстарата скијачка манифестација во Македонија, но и на Балканот, Шарпланински куп.

Во петок на 22ри во 15 часот ќе се одржи свечено отворање на јубилејното издание на Шарпланински куп, а на 23ти и 24ти февруари ќе се одржат вкупно четири трки, две во велеслалом (во сабота) на патеката Орлова и две во слалом (во недела) на патеката Езерино во машка конкуренција.

Најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот и Македонија, Шарпланински куп, за прв пат е одржан од 21 до 23 Март далечната 1947 година на Попова Шапка. Во 1953 година тој станува дел од ФИС Б натпреварите, а од 1969 до 1986 година е натпревар за Европски куп во скијање.

Слаломот се вози на патеката Езерино која е долга 685 метри и има височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри, а учесници вкупно ќе има 41 од 12 различни држави.

Македонија ќе ја претставуваат младите Антонио Ристевски, Дардан Дехари, Марјан Нашоку, Бесар Иљази, Генитан Куртези и Меритон Емини.

18 Февруари 2013

За авторот