Загрозени ФИС Патеките на Попова Шапка

Додека ски центрите во регионов бележат рекорди по продадени ски карти, ноќевања и приходи, нашите центри се наоѓаат на опашката од ранг листата по истите параметри, иако потенцијалите, гледано компаративно, не само што не се помали, туку спротивно се еднакви или многу поголеми, како што се на пример на ски центарот Попова Шапка – Јелак, кој по своите потенцијали се споредува со врвните и најпознатите светски скијачки центри.

Една, можеби и најважна причина, кога станува збор за ски центарот Попова Шапка – Јелак, е УПРАВУВАЊЕТО со ски центарот, од страна на одговорните институции, јавни или општествени претпријатија, на кои им беше доделен на управување овој ски центар од страна на највисоко републичко/државно ниво кое за жал не само во последниов период, туку многу години наназад, со исклучок на некои периоди, како што беше на пример периодот во втората половина на 70-тите и почетокот на 80- тите, кога истиот беше прогласуван за најдобар ски центар во Југославија , преполн со туристи, скијачи, ски натпревари од висок европски ранг, планинари и тн.

Едно од оправдувањата зошто ски центарот Попова Шапка – Јелак не може да си го најде својот “ПАТ ДО УСПЕХОТ” кое најчесто се користи е НЕМАМЕ ПАРИ. Светските најдобри практики (the best practices) го покажуваат спротивното: за успех треба ВИЗИЈА и ЛУЃЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО НЕА, на кои треба да им се даде шанса да го направат она што го направиле многу докажани најдобри практитки во регионов и светот.

Ќе наведам само неколку примери од регионов: БАНСКО, КОПАОНИК и ШЛАДМИНГ. Секако дека постојат и многу други, но овие ги избрав, заради тоа што првите два се од регионов и добро ни се познати, а Шладминг е светски познат, но не многу одамна.

Заедничко за трите посочени ски центри е тоа што за релативно кратко време, со ВИЗИЈА И ВЕРУВАЊЕ ВО УСПЕХОТ, направија од НИШТО – НЕШТО. А тоа НЕШТО е ВРВНО И СВЕТСКО. Дури и мнозинството на нашите скијачи и љубитељи на скијањето и планините, што ги има не во мал број, сведоци сме, во последниве години, своите не мали средства (евра) кои ги одвојуваат од својот скромен буџет (во просек), ги „трошат” најчесто во БАНСКО, БОРОВЕЦ и КОПАОНИК, а многу ретко на Шапка, Маврово, Кожув, Паелистер, Крушево….

Отсуство на ВИЗИЈА и организација во јавните или порано општествените претпријатија, кои раководеа со центарот за жал доведоа Попова Шапка повеќе пати да паѓа на многу ниско ниво, а Јелак воопшто да не биде активиран, иако многу малку требало тоа да се направи.

Последниот пример е интервенциите околу ФИС ПАТЕКИ со ВРВЕН СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ во периодот од 2010 па наваму, многу јасно го покажува погоре изнесеното тврдење. Жално е да се гледаат ЦЕРИПАШИНА, ОРЛОВА И ЕЗЕРИНО, на кои многу светски скијачки легенди Tine MULEJ, Ernst OBEREIGNER, Leopold GRUBER, Leonardo DAVID, Jean Luis VIDAL, Alexandar ZHIROV, Carlo GEROSA, Petar POPANGELOV – PEPE, Bojan KRIZAJ, Rok PETROVIC, Nana MATEO, Klemen KOSI победуваа и се натпреваруваа како и многи други великани на светското скијање.