Наслов

Тур де 100

Јубилејниот 100ти Тур де Франс закажан за јуни идната година ќе започне да се вози од островот Корзика, а целата трка ќе се вози само на француско тло. 

Тур де Франс 2013 ќе започне на 29 јуни, а ќе заврши на 21 јули идната година. Вкупно ќе се возат 3,360km низ Корзика и цела Франција, а сите тие километри ќе бидат поделени во 21 стаза. Ќе се возат 7 рамни стази, 5 стази по ридови, 6 планински стази (од кои 4 ќе  завршуваат на планински врвови), потоа ќе има 2 стази за индивидуално време и 1 тимска временска стаза. Низ турата ќе бидат огранизирани 2 дена за одмор.

За прв пат на Тур де Франс ќе бидат опфатени двете француски покраини на Корзика (кои досега не биле домаќини), Corse-du-Sud и Haute-Corse, а со ова трката ќе ги има опфатено сите покраини на Франција низ историјата. 

за PDF клик тука

14 Декември 2012

За авторот