Екологика

Наслов

Тој еколошки футпринт

Ecological footprint или на нашки кажано еколошки отпечаток е колку природа му треба на вашиот животен стил, и колку природа е потребно за да се абсорбираат остатоците од тој начин на живот. 7 милијарди такви животни стилови и денес имаме неодржлива човечка цивилизација.

Е сега, кога целиот свет би живеел како просечен Aмериканец, би ни требале 4.5 планети како нашава за да ги обезбедиме ресурсите за таков животен стил. Или пак ако сите чилираме како луѓето во Чиле, би ни требале скоро 1.5 планета за таков чилирачки живот.

Луѓето во Тајланд пак, засега се на границите на нормала, ако сите живееме како нив, ни треба баш една наша планета за да живееме без последици за идните генерации.


 Ај да видиме ако сите живеат како вас, колку планети ќе ни требаат?

Клик

 Ако е повеќе од една „Мајка Земја“, тогаш ова е за вас.

22 Јули 2014

За авторот